• среда, 25 декември 2024

Маск: „Тесла“ има намера да почне масовно производство на човековидни роботи во 2026 година

Маск: „Тесла“ има намера да почне масовно производство на човековидни роботи во 2026 година

Лос Анџелес, 23 јyли 2024 (МИА) - Компанијата „Тесла“ соопшти дека има намера да почне со масовно производство на човековидни роботи до 2026 година. Тоа го најави извршниот директор Илон Маск во објава на „Х“.

„'Тесла' ќе има навистина корисни човековидни роботи следната година коишто ќе се користат за внатрешните производствени потреби на компанијата. Се надеваме дека ќе почнеме масовно производство за други компании до 2026 година“, напиша Маск.

Тој уште во 2021 година најави дека роботот наречен „Оптимус“ - „за многу скоро“ ќе биде подготвен за работа во фабриките на „Тесла“, но тоа досега не се оствари.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан