• среда, 25 декември 2024

Маск станува „технокрал“ на Тесла, а финансискиот директор – „господар на монетите“ 

Маск станува „технокрал“ на Тесла, а финансискиот директор – „господар на монетите“ 

Вашингтон, 15 март 2021 (МИА) - Во официјален поднесок на „Тесла“ денеска до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), Комисијата се информира дека функцијата на Елон Маск е преименувана во „технокрал“ на компанијата, а онаа на финансискиот директор Зак Кирхорн во „господар на монетите“. 

Во извештајот се наведува дека позициите на Маск и Кирхорн остануваат генерален директор и финансиски директор. 

Ова е уште една од низата ексцентричности на основачот на компанијата за производство на електро автомобили.  

Во 2018 година Маск мораше да го напушти раководното место во бордот на директори на „Тесла“ по неговиот твит дека компанијата има план да престане да се тргува на берзата и да стане приватна. Маск за време на интервју истата година пушеше марихуана.  

Тесла во февруари изгуби над 200 милијарди долари пазарна вредност по неговата објава дека компанијата купила биткоини во вредност од 1.5 милијарди долари, а потоа на Твитер соопшти дека цената на криптовалутата била висока. Маск минатата недела објави и рекламира нова криптовалута - доџкоин. кб/ 

Остани поврзан