• вторник, 24 декември 2024

Маск повикан во суд поради делењето пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД

Маск повикан во суд поради делењето пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД

Пенсилванија, 31 октомври 2024 (МИА) - Судија во Филаделфија му нареди на милијардерот Илон Маск да се појави пред суд на сослушување во врска со делењето по еден милион евра на регистрираните гласачи во таканаречените колебливи држави на САД.

Обвинителите од Филаделфија се изјаснија против иницијативата на Маск да подарува милиони преку лотарија, по што беше поднесена тужба.

Канцеларијата на градското правобранителство го нарече доделувањето средства на политичкиот акционен комитет основан од Маск како „нелегална лотарија“ што ги намами жителите на Пенсилванија да споделуваат лични податоци.

Маск вети дека ќе дава по еден милион долар секој ден на регистриран гласач кој исто така ја потпишал неговата онлајн петиција за слобода на говор и право на носење оружје.

Правните експерти се поделени околу тоа дали доделувањето готовина ги прекршува федералните закони, според кои плаќањето или понудата да се плати лице за да се регистрира за гласање е кривично дело.

Маск ја поддржува претседателската кандидатура на Трамп. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан