• недела, 24 ноември 2024

Маск: Извршено е првото вградување чип во човечки мозок, пациентот е во добра состојба

Маск: Извршено е првото вградување чип во човечки мозок, пациентот е во добра состојба

Фримонт, 30 јануари 2024 (МИА) - Американскиот бизнисмен Илон Маск објави дека на првиот пациент на кој му бил вграден чип во мозокот преку програмата Телепати (Telepathy) на неговата компанија „Неуралинк“ добро закрепнува.

„Првите резултати покажуваат ветувачко откривање на невронската активност“, напиша Маск во објавата на платформата X.

Маск рече дека чипот „ќе ви овозможи да го контролирате вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, само со размислување“, пренесува Скај њуз. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан