• петок, 27 декември 2024

Маскенбал во централниот парк во општина Ѓорче Петров

Маскенбал во централниот парк во општина Ѓорче Петров

Скопје, 1 април 2024

Креативни, оргинални, одлични маски денеска продефилираа во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“ која ја организиравме во соработка со училиштата и градинката.

Најважно од се е што видов многу весели дечиња на едно место. Особено ми е драго што повторно ги усреќивме нашите најмлади жители за кои ја приредивме оваа манифестација, затоа што за мене како градоначалник, но и како родител, нема поголема радост од насмеани млади лица, вели Стојкоски.

Маските многу позитивно ме изненадија. Се воодушевувам на идеите и креативноста. Честитки за оргиналноста на сите учесници и честитки и до сите добитници на наградите кои ги доделивме по повод 1 Април - Денот на шегата, додава Стојкоски.

Ова беше ден полн со љубов, шеги и по некоја детска лага.

Благодарност до сите кои го посетија настанот. Се гледаме живи и здрави догодина!

Општина Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан