• недела, 06 октомври 2024

Мартин: Новиот вид на коронавирус се шири во Ирска побрзо од најпесимистичките најави

Мартин: Новиот вид на коронавирус се шири во Ирска побрзо од најпесимистичките најави
Даблин, 30 декември 2020 (МИА) - Новиот вид на коронавирус кој во Ирска пристигна од Велика Британија, се шири побрзо отколку што предвидуваа најголемите песимисти, изјави ирскиот премиер Мајкл Мартин. - Додека трае меѓународно истражување за новиот вид на коронавирус, веќе е сосема јасно дека станува збор за вид кој се шири многу, многу побрзо, истакна Мартин, најавувајќи заострување на рестриктивните мерки за следните четири недели. Тој оцени дека брзината на ширењето на новиот вид на коронавирусот ги надмина најпесимистичките проекции. гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан