• вторник, 24 декември 2024

Мартино: Меси ќе се врати за Интер пред крајот на сезоната

Мартино: Меси ќе се врати за Интер пред крајот на сезоната

Мајами, 23 август 2024 (МИА) - Суперѕвездата Лионел Меси ќе се врати во Интер Мајами пред крајот на сезоната, изјави пред новинарите денеска тренерот Тата Мартино.

Меси (37) беше надвор од терените откако се здоби со повреда на зглобот на 14 јули за време на победата на Аргентина над Колумбија со 1-0 во финалето на Копа Америка.

Мартино рече дека не знае кога Меси ќе се врати, но увери дека Аргентинецот ќе игра барем на еден од деветте преостанати натпревари од регуларната сезона.

-Не би можел да дадам приближен број денови кога Лео ќе се врати на тренинзите, но тоа не е ситуација која е премногу далеку. Има некои од повредите кои се физички и има некои од траумите што се ментални, така што мораме да го натераме да работи на двата начина и мислам дека тој минува низ тој процес. Се чувствува подобро и веќе неколку дена работи на терен. Не можеме да дадеме време бидејќи не знаеме и ќе бидат шпекулации за нешто што можеби не е можно да се направи, но е блиску, изјави Мартино за „ЕСПН“.

Интер, со 53 бода, има пет бода предност пред ФК Синсинати во поредоко во Источната конференција на МЛС и покрај тоа што е без Меси од 1 јуни.

На 12 натпревари од регуларниот дел од сезоната (11 стартови), Лионел има 12 гола и 13 асистенции. Интер Мајами во сабота ќе се соочи со ФК Синсинати на домашен терен. Регуларната сезона завршува на 19 октомври со натпревар против Њу Ингланд Револушн. дс

Фото: Архива

Остани поврзан