• сабота, 23 ноември 2024

Мартинез подготвен да влезе во конфликт со Астон Вила за настап на ОИ

Мартинез подготвен да влезе во конфликт со Астон Вила за настап на ОИ

 

Мајами, 6 јуни 2024 (МИА) – Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез инсистира да учествува на Олимписките игри во Париз ова лето и за таа цел е подготвен да влезе во конфликт со својот англиски клуб Астон Вила.

„Секогаш ја ставав репрезентацијата на Аргентина на прво место и ако треба да се борам со мојот клуб, тоа ќе го направам“, изјави Мартинез, кој во моментов е во Мајами со аргентинската репрезентација каде ќе одигра дват пријателски натпревари пред почетокот на Копа Америка во САД (20 јуни – 14 јули).

„Најважно е Копа Америка, па Олимписките игри. Мојот сон е да освојам златен медал“, додаде аргентинскиот голман.

Фудбалскиот турнир на Олимпијадата не е натпреварување во организација на ФИФА и затоа клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 24 јули до 9 август, што е една недела пред почетокот на Премиер лигата. ег ФОТО: Икс

 

Остани поврзан