• четврток, 26 декември 2024

Марта Стјуарт на 81 година позираше за „Спортс илустрејтед“

Марта Стјуарт на 81 година позираше за „Спортс илустрејтед“

Лос Анџелес, 16 мај 2023 (МИА) - Бизнисменката, ТВ-лице и писателка Марта Стјуарт позираше за насловната страница на списанието „Спортс илустрејтед свимсјут“ (Sports Illustrated Swimsuit), во костим за капење.

- Кога слушнав дека ќе бидам на насловницата на „Спортс илустрејтед свимсјут“, си помислив „Ох, тоа е навистина добро, ќе бидам најстарата личност досега на таа насловница“. Обично не размислувам многу за годините, но мислев дека ова е некако историско, изјави Марта во интервјуто.

Со своите 81 година, таа влезе во историјата како највозрасната жена што позирала за насловната страница на тоа списание. Таа рече дека новинарите ја контактирале во ноември 2022 година, а снимањето се случило во јануари, оваа 2023 година.

Смета дека да се ​​биде на насловната страница на списанието на нејзини години е предизвик и оти го исполнила успешно. Пред снимањето, вели, вежбала пилатес и неколку месеци избегнувала леб и тестенини. Луѓето со кои работела биле грижливи и се однесувале охрабрувачки.

- Тие ви велат дека изгледате добро. Убаво е тоа. Некако потврдуваат дека е во ред да го правите тоа што го правите. Мислам дека секој треба да размислува да живее добар живот, успешен живот и да не „старее“. Целото тоа стареење е толку досадно, вели Марта.

Покрај неа, за насловницата позираа и глумицата Меган Фокс, добитничката на „Греми“, Ким Петрас и супермоделот Брукс Надер.  си/

Фото: Интаграм-страница на „Спортс илустрејтед свимсјут“ 

Остани поврзан