• петок, 26 јули 2024

Марсијал: Го напуштам Манчестер Јунајтед, но секогаш ќе бидам „црвен ѓавол“

Марсијал: Го напуштам Манчестер Јунајтед, но секогаш ќе бидам „црвен ѓавол“

Манчестер, 27 мај 2024 (МИА) - Францускиот напаѓач Антони Марсијал ги потврди пишувањата на медиумите дека го напушта Манчестер Јунајтед. Тој на социјалните мрежи им се заблагодари на навивачите на „црвените ѓаволи“ за нивната поддршка во текот на неговите години на „Олд Трафорд“.

Марсијал беше привлечен во летото 2015 година во тимот на Монако, а за 20-кратниот шампион на Англија одигра 317 натпревари во сите натпреварувања и постигна 90 голови.

-Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде во моето срце. Овој клуб остави белег на мојата кариера и ми даде неверојатна можност да играм пред своите навивачи. Заминувам во потрага по нов предизвик, но секогаш ќе останам „црвен ѓавол“ и ќе ги следам резултатите со страст, ​​напиша 28-годишниот Французин кој станува слободен агент.

Повредите го ограничија Марсијал на само 19 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, со два гола и една асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан