• четврток, 26 декември 2024

Марсело сака да остане во Ла Лига

Марсело сака да остане во Ла Лига
Мадрид, 16 јуни 2022 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело, откако најави заминување од мадридскиот клуб, ги разгледува опциите за продолжување на кариерата во Шпанија. Бразилецот смета дека е способен да игра на највисоко ниво, а животот во Шпанија е приоритет на неговото семејство, каде неговиот син игра во академијата на Реал Мадрид. Триесет и четиригодишниот Бразилец има три опции: Ваљадолид, Хетафе и Рајо Ваљекано, објави „Мундо Депортиво“. Марсело одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции. Бразилецот беше дел од Реал од 2007 година. Со клубот освои 25 трофеи во Шпанија и во меѓународните натпреварувања. зс/

Остани поврзан