• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Марсело: Повеќето луѓе сакаат да ги споредуваат Роналдо и Меси, забораваат да уживаат во нивните мајстории

Марсело: Повеќето луѓе сакаат да ги споредуваат Роналдо и Меси, забораваат да уживаат во нивните мајстории

Мадрид, 4 март 2025 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Марсело ги сподели своите размислувања за постојаните споредби меѓу португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо и аргентинскиот играч Лионел Меси.

Претходно Роналдо се нарече себеси најдобар фудбалер во историјата.

-Не постои нешто како „најдоброто во историјата“. Имав среќа да играм во исто време со Кристијано и Меси. Имаше период кога овие двајца беа апсолутно луди - ако едниот даде два, другиот три гола. Повеќето луѓе сакаат да ги споредуваат, но забораваат да уживаат во мајсториите на двајцата, изјави Марсело за шпанските медиуми.

Ронладо и Меси ги одбележаа првите две децении во светскиот фудбал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан