• понеделник, 15 декември 2025

Мароко: Најмалку 21 лице го загуби животот во поплави, 32 се повредени

Мароко: Најмалку 21 лице го загуби животот во поплави, 32 се повредени

Рабат, 15 декември 2025 (МИА) - Најмалку 21 лице го загубија животот, а 32 се повредени во поројните поплави што вчера ја зафатија крајбрежната покраина Сафи во Мароко, 330 километри јужно од Рабат, објавија мароканските власти, пренесоа француските медиуми.

Британските медиуми пренесоа дека во рок од само  еден час наврнало доволно дожд за да ги предизвика ненадејните поплави.

Околу 70 куќи и продавници беа поплавени, а поројот однесе десетина автомобили и отсече многу патишта во и околу покраината Сафи.

Акциите на спасувачките екипи во најзагрозените области продолжуваат, објавија властите.

По седум години суша Мароко е погодено од обилни дождови и снежни врнежи во планините Атлас. сд/

Фото:Х

 

Остани поврзан