• четврток, 26 декември 2024

Мароко затвора градови поради коронавирусот

Мароко затвора градови поради коронавирусот
Рабат, 27 јули 2020 (МИА) - Во Мароко од полноќ е забранет влез во некои од најголемите градови во земјата, како што се Казабланка, Маракеш и Феза, поради зголемување на бројот на заразени случаи со коронавирус, соопшти мароканското Министерство за внатрешни работи. Во земјата се уште е во сила вонредната состојба која трае до 10 август. Пред еден месец беа ублажени рестриктивните мерки воведени претходно поради спречување на ширењето на коронавирусот, но поради зголемување на бројот на заразени случаи донесена е ваква мерка. Забраната за меѓународни летови на националната авиокомпанија и понатаму е во сила, освен за специјални летови, со кои се превезуваат граѓани на Мароко или странски државјани. Нови 633 случаи на Ковид-19 се потврдени вчера, што е најголем број на заразени во еден ден. Од почетокот на епидемијата во Мароко се регистрирани 20.278 заразени лица и 313 смртни случаи. гт/

Остани поврзан