• четврток, 18 декември 2025

Марк Руте во дводневна посета на САД  

Марк Руте во дводневна посета на САД  

Брисел, 24 април 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска и утре ќе престојува во посета на САД, соопшти Прес-службата на Алијансата. 

Според најавата за време на дводневниот престој во Вашингтон, Руте ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, со секретарот за одбрана Пит Хегсет и со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц. 

Се очекува на средбите да стане збор за актуелните глобални предизвици, пред се поврзани со напорите на САД за прекин на конфликтот во Украина. 

Исто така, се очекува Руте со своите домаќини да разговара и за подготовките на претстојниот Самит на НАТО, што треба да се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, како и за барањата на САД за зголемување на одвојувањата за одбраната од страна на европските членки на Алијансата и Канада на ниво до пет отсто од националните БДП. сп/

Фото: НАТО

Остани поврзан