• недела, 17 ноември 2024

Марк Гасол се враќа во шпанскиот шампионат

Марк Гасол се враќа во шпанскиот шампионат

Мадрид, 27 септември 2022 (МИА) - Центарот Марк Гасол оваа недела и официјално ќе почне да настапува во шпанското кошаркарско првенство како играч на Жирона.

Триесет и седумгодишниот Шпанец ја основа Жирона во 2014 година и оттогаш е претседател на клубот.

Правилата на шпанското првенство не му дозволија официјално да се пријави на турнирот како играч.

Сепак, собранието на „ABC“ ги одобри измените на правилата, објави „Марка“. Сега Гасол ќе може да ги извршува двете позиции: претседател и играч.

Пред да ја започне кариерата во НБА, Шпанецот играше за Жирона од 2006 до 2008 година. Клубот се распадна во 2013 година, но Гасол основаше нова негова верзија. зс/

Остани поврзан