• четврток, 26 декември 2024

Маркуш: Промената на името на земјата не беше наградено со најлогичниот резултат – почнување на преговори со ЕУ

Маркуш: Промената на името на земјата не беше наградено со најлогичниот резултат – почнување на преговори со ЕУ
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) – Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш, денeска, говорејќи на четвртата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), рече дека местото на С Македонија е несомнено во ЕУ и оти промената на името на земјава не било наградено со почнување на вистинските преговори за членство. -Правењето на Европа на едно подобро место, особено во вашето справување со добрососедските односи, беше придонес без преседан особено со промената на името на вашата земја тоа не беше наградено со најлогичниот резултат – почнување на вистинските преговори за членство. Додека ние, заедно со нашите партнери со ЕУ работиме на справување на пречките веднаш, постои уникатна можност да се приклучиме кон дискусијата за нашата заедничка иднина, а дискусијата а нашата заедничка иднина лежи во проектот Конференција за иднината на Европа, рече Маркуш. Словачкиот амбасадор посочи дека Северна Македонија служи за еден од најдобрите примери и мораме да ја осмислиме нашата заедничка европска иднина на многу подобар начин отколку што тоа се правеше досега. Тој истакна дека Конференцијата за иднината на Европа отвора нов простор и можност за отворена, искрена и критички настроена дискусија за тоа како ја гледаме нашата иднина и кое е нашето место, каков живот сакаме да создадеме за нас и за идните генерации. -Искуството на Северна Македонија ни дава за право да презентираме еден силен случај - С Македонија како земја кандидат треба да биде важен дел од овој проект, не можам да замислам дека ќе остане по страните на една дебата којашто трае затоа ве повикувам да помогнете да ја рашириме оваа порака од страна на сите засегнати страни во вашата земја за да им помогнете да се приклучат кон оваа сеопфатна дебата, рече Маркуш. Тој додаде дека Националната конвенција, која почна во 2017 година, стана моќна алатка размислувањата поврзани со законодавството на ЕУ, за соработка меѓу Владата и невладиниот сектор во земјава, како и моќен пример за соработка при што акцентот е ставен на поглавјето 23 и 24 од законодавството на ЕУ. Директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика Томаш Стражај рече дека проектот Национална конвенција во С Македонија дефинитивно припаѓа кон најуспешните вакви проекти, во кој петте работни групи ги одразуваат приоритетите на процесот на интеграција и можат да бидат извор на валидни препораки, како кај владиниот, така и кај невладиниот сектор. -Македонски и словачки експерти разменуваат искуства на секој од работните состаноци и сметаме дека словачката експертиза е од некаков интерес за вас. Иако сме веќе 16 години членка и нашето искуство во тој поглед може да се смета дури и за застарено, ние се уште го паметиме процесот, беше различен во тоа време, но основните столбови се уште постојат, така што од таа гледна точка словачките искства може да бидат додадена вредност во С Македонија, рече Стражај. Милева Ѓуровска, претседателка на Европското движење и Нацонален координатор на НКЕУ-МК, рече дека Конвенцијата се изгради во платформа на структуриран дијалог, развивајќи методологија за постигнување консензус во однос на различните прашања што се дел од преговарачката рамка за членство во ЕУ. - Конвенцијата го докажа својот континуитет со одржани 34 сесии на петте работни групи каде што учествуваа приближно 2000 учесници и каде што се усвоени над 250 препораки што се доставени до институциите и до пошироката јавност, кои откриваат клучни области каде што треба да се дејствува со цел забрзана имплементација на европските стандарди, рече Ѓуровска. Таа додаде дека Конвенцијата и натаму ќе настојува да го одржи и прошири дијалогот во примена на европските стандарди, придонесувајќи кон реформскиот процес, но и кон напредување кон преговарачкиот процес, кој, рече, очекува да се одржи што е можно побрзо. -Тоа денес го попречува билатералното недоразбирање со една соседна држава членка на Унијата, но билатералните спорови полесно се решаваат кога постои подготвеност за дијалог, а особено кога тој дијалог се одвива во рамки на процес кој влева малце повеќе оптимизам и е со поголема доверба кон граѓаните заради повеќекратното одложување на преговорите за членство во ЕУ, рече таа. Посочи дека исклучително е важно во овој момент да работиме да се врати вербата кај нашите граѓани дека европската интеграција е остварлив процес и дека не е само мит за кој зборуваме 15 години. Ѓуровска додаде дека со оваа пленарна конференција на тема „Дали се потребни реформи во изборниот систем“, одбележува завршувањето на првата фаза од вториот циклус поддржан од СловакАид. На конференцијата на темата за изборните системи говореа Рената Дескоска, професор на Правниот факултет при УКИМ-Скопје, Кеара Касталдо, советник за избори, ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права, Раул Муресан проектен координатор - Поддршка на изборите во Западен Балкан при Канцеларија за демократски институции и човекови права на ОБСЕ, Гордана Силјановска, пратеничка во Собранието на С Македонија и професор на Правиот факултет – УКИМ-Скопје. нд/са/              

Остани поврзан