Марко Рубио најави директни американско-ирански разговори в сабота во Оман
- Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денеска дека неговата земја в сабота ќе одржи директни разговори со Иран за да разговара за нуклеарната програма на Исламската Република.

Вашингтон, 10 април 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави денеска дека неговата земја в сабота ќе одржи директни разговори со Иран за да разговара за нуклеарната програма на Исламската Република.
Разговорите меѓу американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и висок ирански функционер ќе се одржат во Оман.
- Се надеваме дека ова ќе доведе до мир. Бевме навистина јасни дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје и мислам дека оваа средба ќе доведе до тоа, рече Рубио на состанокот на владата со кој претседаваше американскиот претседател Доналд Трамп. ссм/
фото: ЕПА