• сабота, 23 ноември 2024

Марко Росе нов тренер на Лајпциг

Марко Росе нов тренер на Лајпциг
Лајпциг, 8 септември 2022 (МИА) – Четириесет и петгодишниот Марко Росе е назначен за нов шеф на стручниот штаб на бундеслигашот Лајпциг. Росе доаѓа на тренерското испразнетото тренерско место во Лајпциг по заминувањето на Доменико Тедеско Договорот со германскиот фудбалски стручњак е со важност до крајот на јуни 2024 година. Тедеско, кој го предводеше Лајпциг од декември 2021 година, беше разрешен вчера. Претходниот клуб на Росе беше Борусија Дортмунд, со која раководеше од јули 2021 до мај 2022 година. Лајпциг е 11-ти во Бундеслигата со пет бода од пет натпревари. Тимот стигна и до 1/16-финалето на Купот на Германија, во кое ќе игра со Хамбург. Во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите, Лајпциг пред два дена загуби од Шахтјор (1:4). По овој пораз, Доменико Тедеско доби отказ. зс/

Остани поврзан