• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Марко Митев успешно опериран, враќање за шест месеци

Марко Митев успешно опериран, враќање за шест месеци

Скопје, 14 април 2025 (МИА) - Македонскиот ракометен репрезентативец Марко Митев, вчера беше успешно опериран по тешката повреда на коленото здобиена на натпреварот со Словенија во квалификациите за Европското првенство 2026.

Митев на 16 март во Копер ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и предвреме ја заврши сезоната.

На еден од најдобрите македонски ракометари му претстои период на рехабилитација. Неговото враќање на терените се очекува за пет до шест месеци.

Отсуството од терените на Митев е голем хендикеп како за неговиот клуб алкалоид, така и за македонската репрезентација. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан