• сабота, 23 ноември 2024

Марко Блажевски освои подиум на Твинго Еурокуп 2022

Марко Блажевски освои подиум на Твинго Еурокуп 2022
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) - Македонскиот автомобилист Марко Блажевски доминираше на Ред Бул Ринг патеката во Австрија каде викендов се возеа две трки од „Twingo Cup“, и со две победи го презеде водството во генералниот пласман во македонскиот шампионат. Блажевски беше блиску и до триумф на втората трка во генерален пласман но, поради гужвата на патеката од заостанати возила го загуби лидерското место. За Блажевски ова е вторпат во кариерата да се искачи на подиумот во генерален пласман во ова натпреварување каде сезонава настапуваат над 30 возачи од неколку земји. - Имав одличен викенд и штета е што не победив. Во над 70 отсто од трката бев во водство, но поради гужва од заостанатите возила на еден свиок бев престигнат. Но, сега сите добро ме запознаа и мене и другите возачи од Македонија и на следните трки сигурно ќе бидеме уште подобро пласирани, изјави Блажевски. На подиумот се искачија и Владимир Тренески кој беше второпласиран и Ангелче Стојковски кој го освои третото место. Следната трка се вози на 23 и 24 јули во Хрватска на патеката „Гробник“. зс/

Остани поврзан