• вторник, 12 ноември 2024

Марков: Исцрпени договори за набавка, ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема

Марков: Исцрпени договори за набавка, ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема

Скопје, 16 септември 2024

СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси.

По извршените проверки во ТОАРИЛУЦ поранешното раководство ангажирало лица  по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии.

Во оваа клиника се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки.

Имено, повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани по договор за дело на клиниката без да имаат финансиска согласност од Министерството за финансии,  што е спротивно на членот 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. За истото е предвидено дека за лицето кое раководи со институцијата а анагажирало лица без предходна согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.

Во истовреме клиниката се соочува со недостаток на медицински сестри, за што раководството на водело сметка.

Поранешното раководство на ТОАРИЛУЦ на клиниката буквално гледало како на партиска фирма, и истите наталожиле финансиски обврски во износ од 840.000 денари, а при тоа за истите не се спроведувани постапки согласно Законот за јавни набавки.

Истовремено јавните набавки се правени без план и без долгорочни калкулации за потребите на клиниката. Поради несоодветно планирање дојдено е до целосно исцрпување на договори и оставање на клиниката без основни медицински материјални средства и опрема. Имено, договори склучени во тековната година се веќе исцрпени.

Ова се само дел од причините зошто здравството е девастирано. Овој систем на работа заврши, за се ова ќе има одговорност, а од сега па натаму следува многу работа и посветен пристап за подобри услуги за пациентите.

Петар Марков, ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан