• среда, 25 декември 2024

Марковски уште три години на клупата на Металург, останува и Хорват

Марковски уште три години на клупата на Металург, останува и Хорват
Скопје, 6 мај 2021 (МИА) – Седумкратниот македонски ракометен шампион Металург договори денеска продолжување на соработката со својот тренер Иван Марковски за уште три години, а во тимот, како што е соопштено, останува и хрватскиот репрезентативец Златко Хорват. -Мојата поддршка во следните три години, како предводник на стручниот штаб, ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е најтешко. Одлично е прифатен од екипата, која ја прероди за овој краток период и се надевам дека најдоброто допрва ќе дојде, изјави првиот човек на Металург, Зорица Блажевска за клупскиот сајт. Марковски, кој седна на клупата на Металург на крајот од март, и во иднина ќе може да смета на најдобриот ракометар на клубот од Автокоманда сезонава, Златко Хорват, откако хрватскиот репрезентативец денеска потпиша нов двегодишен договор.ег/вј/

Остани поврзан