• недела, 17 ноември 2024

Маркињос е трет фудбалер во историјата на ПСЖ по број на одиграни натпревари

Маркињос е трет фудбалер во историјата на ПСЖ по број на одиграни натпревари
Париз, 22 октомври 2022 (МИА) - Натпреварот против Ајачио (3:0) во 12. коло од францускиот шампионат беше 380. за дефанзивецот на ПСЖ Маркињос. Според прес-службата на клубот од Париз, 28-годишниот Бразилец се искачи на третото место во историјата на клубот по број на одиграни натпревари. Повеќе натпревари од Маркињос за Пари Сен-Жермен имаат само Жан Марк Пилорж (435) и Марко Верати (393). Маркињос во 2013 година од Рома се пресели во ПСЖ за 32 милиони евра. Од сезоната 2020/21, бразилскиот дефанзивец е капитен на тимот. зс/

Остани поврзан