• недела, 28 јули 2024

Марка: Меси ќе ја добие наградата фудбалер на годината, Емилијано најдобар голман, Скалони тренер

Марка: Меси ќе ја добие наградата фудбалер на годината, Емилијано најдобар голман, Скалони тренер

Мадрид, 27 февруари 2023 (МИА) - Шпанскиот весник „Марка“ излезе со информација за тоа како ќе бидат распределени наградите „The Best“ од ФИФА.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен и Аргентина, Лионел Меси ќе ја добие наградата за играч на годината за 2022 година, според Марка. Тој ги победи Карим Бензема (Реал Мадрид/Франција) и Килијан Мбапе (ПСЖ/Франција).

Наградата за најдобар голман на годината ќе ја добие Емилијано Мартинез (Астон Вила / Аргентина). Во гласањето тој беше пред Тибо Куртоа (Реал Мадрид/Белгија) и Јасин Буна (Севиља/Мароко).

Наградата за најдобар тренер на годината ќе ја добие Лионел Скалони, кој работи со репрезентацијата на Аргентина. За оваа награда претендираа и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Пеп Гвардиола (Манчестер сити).

Церемонијата на ФИФА „The Best“ ќе се одржи вечер од 21 часот во Париз. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан