• четврток, 26 декември 2024

Марија Шарапова со свој дизајн на мебел

Марија Шарапова со свој дизајн на мебел
Лос Анџелес, 26 март 2021 (МИА) - Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, во соработка со канадската компанија „Роув консептс“, ја подготви и претстави својата прва колекција мебел. Во нејзиниот прв дизајнерски потфат, тениската ѕвезда и љубителка на уметноста и архитектурата, се водеше од изразот „помалку значи повеќе“. Нејзината колекција содржи елегантни облици, рафинирани детали, неутрални бои, со нагласка на разновидноста и функционалноста. - Сакав да се осигурам дека сите овие парчиња мебел ќе наликуваат на „продолжение на животот на луѓето“ - делови што ги надополнуваат нештата со кои веќе живеат, изјави Шарапова за списанието „Аркитекчурал дајџест“. Поранешната тенисерка ги усовршила дизајнерските вештини додека патувала низ светот, како и при уредување на сопствениот нов дом во Лос Анџелес, САД. - Ми беше важно колекцијата да изгледа убаво денес, но и за пет или десет години, вели таа. Првичната понуда вклучува комбинација на мултифункционални работи - длабок тросед, тапацирана клупа, ткаенини во маслинова боја, странични маси, минималистичка ламба и еднобоен тепих. - Тие се доволно разновидни, па им овозможуваат на луѓето да прават свои комбинации, заклучи дизајнерката.  си/сд/

Остани поврзан