• среда, 25 декември 2024

Маричиќ: 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Маричиќ:  27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим

Скопје, 27 април 2024 

„Денеска се сеќаваме на крвавиот четврток во Собранието кога во организација на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците од нивните мрачни амбиции“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Маричиќ нагласува дека „за да го реализираат нивниот монструозен план насилниците беа подготвени и за ликвидации. 

„Токму нив, Гордана Силјановска Давкова планира да ги амнестира“, посочува во видеопораката Маричиќ. 

Наспроти тоа, потенцира Маричиќ, „ние не дозволивме да бидат погазени слободата и демократијата и не дозволивме омразата и насилството да поттикнат братоубиствена и меѓуетничка војна. Со разум и присебност на мнозинството од пратениците, храбро спречивме безумието да заврши со трагични последици“.

„Додека партијата со автократско лице повторно се заканува да поведе нов режим, СДСМ ги презеде државничките чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии. Така, за само неколку години, во ова Собрание, од крвави сцени и обиди за ликвидации на избраниците на народот, стигнавме до гордо кревање на македонското знаме и знамето на НАТО“, истакнува Бојан Маричиќ по повод годишнината од крвавите настани на 27 април 2017 година во Собранието.

Маричиќ порача „нема откажување – продолжуваме одговорно“.

„Тука сме во заштита на прогресивните македонски граѓани кои својата иднина ја гледаат во земја со европска демократија и европска иднина. 27 април е силна причина да се исправиме пред налетот на старо-новиот режим“, истакнува во видео пораката секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на Коалицијата за европска иднина Бојан Маричиќ.

Изјава за медиуми, Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка и кандидат за пратеник од ИЕ1

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан