• четврток, 26 декември 2024

Маричиќ - Ѓоргиевски: Подобри услови и перспективи за младите преку европските програми за образование

Маричиќ - Ѓоргиевски: Подобри услови и перспективи за младите преку европските програми за образование
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, на која се разговараше за тековните активности на Агенцијата и приоритетите во следниот период, со фокус на промоцијата и спроведувањето на европските програми во областа на образованието, младите, обуката и спортот. Како што соопшти Секретарјатот за европски прашања (СЕП), на средбата е разговарано за важноста од постојаната соработка и консултации со Секретаријатот за европски прашања, како партнер во креирањето нови можности за граѓаните на нашата земја, како и остварување на приоритетите во областите: животна средина и борба против климатски промени, дигитална трансформација и инклузија. - Вицепремиерот Маричиќ на средбата ја истакна важноста на активностите на агенцијата, како и на организациите и институциите корисници на програмата, во насока на обезбедување подобри услови и перспективи за нашите млади, бидејќи тие со нивните идеи, визија и енергија се носители на развојот во општеството, соопшти СЕП. Во разговорот меѓу Маричиќ и Ѓоргиевски беше ставен акцент на новиот програмски циклус на Еразмус+ програмата 2021-2027 година и можностите што ги нуди, како и важноста на промоцијата и презентирањето на успешни проекти кои, како што наведува СЕП во соопштението, ќе бидат поттик за младите да развиваат идеи и да се вклучат во процес што несомнено носи позитивни општествени промени. хс/дма/
   
     
   

Остани поврзан