• недела, 24 ноември 2024

Маричиќ: Холандија е наш стабилен партнер во евроинтеграцискиот процес

Маричиќ: Холандија е наш стабилен партнер во евроинтеграцискиот процес

Скопје, 24 јануари 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба со амбасадорoт на Кралството Холандија Дирк Јан Коп во Северна Македонија. 

Како што соопшти СЕП, на средбата, се разговараше за взаемната определба за унапредување на постоечката соработка со Холандија во клучните области посветени на реформите во пристапните преговори. ​

-Северна Македонија и Холандија забележуваат долгогодишно партнерство и сојузништво во спроведување на целокупниот евроинтегративен процес на нашата држава, стои во соопштението. вг/цр/ 

Фото: СЕП

Остани поврзан