• вторник, 24 декември 2024

Маричиќ: Формирање централна ИПА агенција за успешна реализација на проектите по моделот на ИПАРД

Маричиќ: Формирање централна ИПА агенција за успешна реализација на проектите по моделот на ИПАРД

Скопје, 30 ноември 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вели дека треба да се размисли за формирање на ИПА агенција по примерот на ИПАРД агенцијата со цел успешна реализација на проектите.

- Моделот што го имаме со ИПАРД агенцијата или со агенцијата за Еразмус е успешен модел и можеби треба да се размисли за правење една ИПА агенција или мини тимови во секое министерство кои веќе ги имаме, но би добиле еден поинаков статус, можеби ќе бидат вработени во една централна ИПА агенција, а ќе работат секојдневно во институциите каде што се водат проектите, посочува Маричиќ во изјава за емисијата „360 степени“.

Клучните насоки за решавање што Владата ги увидела, како што рече, се пред сѐ пополнување на испразнетите места односно 20-те проценти испразнети места во ИПА структурата. Смета дека е потребно унапредување на оние кои што се најмалку пет години во структурите и не се унапредени, веднаш да бидат унапредени.

- Третата препорака е задржување и унапредување на концептот на постојани обуки за надградување на кадрите од ИПА структурата и тоа тука во Северна Македонија и во странство, вели Маричиќ. свс/бак/

Фото: СЕП

Остани поврзан