• среда, 18 декември 2024

Маричиќ: Треба да се почитуваат вредностите на антифашизмот, ќе има законски измени за граѓанските здруженија

Маричиќ: Треба да се почитуваат вредностите на антифашизмот, ќе има законски измени за граѓанските здруженија
Скопје, 16 октомври 2022 (МИА) - Слободата на здружување е светост во една демократија и таа мора да се почитувано, но исто така треба да се почитуваат и јавните вредности кои се поврзани со антифашизмот, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Канал 5. Тој смета дека се потребни измени на Законот за здруженија и фондации и дека овој закон, кој е стар десетина година треба да се ревидира. - Вредно е да се разгледа иницијативата на опозицијата за промена на законот. Имавме сигнали од пратениците од владејачкото мнозинство дека би го прифатиле тоа, рече Маричиќ. Вицепремиерот истакна дека сите се свесни дека треба да се промени законот и дека Владата е отворена за разговори како најдобро да се направи тоа. За забелешките од опозицијата во врска со извештајот на Европската комиисија, Миричиќ кажа дека од неговата содржина може да се види дека Брисел сега зборува за сосема понапредна држава од таа во 2016. - Во однос на коментарите на опозицијата за извештајот на Европската комисија би кажал само кратко – ако направиме споредба со извештаите до 2016 година и денес, тогаш зборуваме за една сосема понапредна држава, изјави вицепремиерот за европски прашања. Тој додаде дека постојат забелешки за дел од спроведување на законите, но дека скрининг процесот ќе помогне да се зајакнат институциите и согледаат и решат сите слабости. - Мислам дека генерално треба да сме задоволни од овој извештај, но не задоволни во смисла да се опуштаме и да сметаме дека нема што повеќе да направиме, туку како мотивација да направиме уште повеќе, рече Маричиќ. Истакна дека овој извештај на ЕК и почнатиот скриниг процес се добра шанса опозицијата да се вклучи во реформските процеси и да се изгради консензус за прашањата поврзани со европската интеграција на земјава. - Низ тој процес, повторно да го изградиме тој консензус, кој што сега го имаме само реторички, на декларативни заложби, бидејќи кгоа доаѓа време за носење на тешки одлуки опозицијата неколку пати се иззема, изјави Маричиќ. Владата, нагласи вицепремиерот, подава рака за соработка и заедничко дефинирање на реформските приоритети, како и законски решенија во одредени области. - Подготвени сме, преку заживување на Националниот совет за европски интеграции, кој е претседаван од претставник на опозицијата, да дојдеме до точка каде навистина ќе го покажеме консензсуот и дека е возможно да се постигне двотретинско мнозинство за уставните измени, вели Маричиќ. Смета дека содржината на амандмани со кои ќе се менува Уставот не се спорни за никој и дека во минатото сме успеале да изградиме консензус за многу потешки уставни измени, се со цел подобра иднина на државата.са/

Остани поврзан