• петок, 27 декември 2024

Маричиќ: Северна Македонија и земјите на Западен Балкан со Планот за раст забрзано ќе се интегрираат во ЕУ​

Маричиќ: Северна Македонија и земјите на Западен Балкан со Планот за раст забрзано ќе се интегрираат во ЕУ​

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Поддржан со значителна финансиска поддршка, Планот за раст означува решителен чекор и трансформациски патоказ за заеднички просперитет на Западен Балкан, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ,  кој беше дел од делегацијата на лидерскиот состанок за Планот за раст за Западен Балкан.

Како што соопшти СЕП, Маричиќ посочува дека на состанокот било истакнато дека Планот за раст е вистински чекор за интеграцијата кон ЕУ на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан.

-Оваа иницијатива ја симболизира посветеноста на регионот за акција, поттикнување на економскиот развој, стабилност и регионална интеграција се до усогласување на националните економии со стандардите на ЕУ, инструментот дејствува како катализатор за успешна интеграција, поттикнувајќи фундаментални реформски промени важни за постигнување на стратешката цел за приклучување во ЕУ до 2030 година. Клучно за планот е воспоставување на Заеднички регионален пазар, отклучување на економскиот потенцијал и отворање на патот кон единствениот пазар на ЕУ. Областите како олеснувањето на трговијата, отворањето на услужниот сектор и мобилноста на работниците се во фокусот на забрзаната интеграција, смета Маричиќ кој беше дел од делегацијата на лидерскиот состанок за Планот за раст за Западен Балкан.

На денешната средба, се посочува во соопштението, наведено е дека Северна Македонија се заложува да создаде солидна реформска агенда, која ќе биде основа за непречено реализирање на вроинтеграцијата на државата со цел постигнување на полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Посветеноста на Планот за раст придонесува за трансформација на државата, го поуспешува развојот на општеството и забрзаното пристапување кон ЕУ. 

-Главните определби на состанокот се приоритетите на патот кон ЕУ односно заложбата за реализација на реформите, соработката, поврзувањето преку финансиските инструменти кои ќе значат стабилно и сигурно развивање на регионот, стои во соопштението. вг/дма/

Фото: МИА Архива, СЕП

 

Остани поврзан