• сабота, 28 декември 2024

Маричиќ: Северна Македонија и Албанија имаат повеќе заеднички приказни

Маричиќ: Северна Македонија и Албанија имаат повеќе заеднички приказни
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - Северна Македонија и Албанија имаат повеќе заеднички приказни - една од нив е заедничкиот стремеж за членство во Европската Унија, а друга е соработката во иницијативата Отворен Балкан, заедно со Србија. Македонците и Албанците се блиски соседи и сограѓани кои одлучија да го водат регионот напред кон јасна и предвидлива европска иднина, напиша на својата фејсбук-страница вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со градоначалник на Тирана, Ерион Велиај. Со Ерион Велиај, вели Маричиќ, се знаат и соработуваат уште од 2001 година, во, како што нагласува, сѐ уште неизвесните околности на Западен Балкан. - Во граѓанскиот сектор развивавме младински програми за критичко мислење, за дебата и за меѓусебно разбирање преку дискусија, а не преку насилство. Вечерва тој во улога на градоначалник на Тирана ми беше домаќин на работна вечера во рамки на иницијативата „Дијалози за Балканот“ на која се потсетивме на нашите ангажмани како граѓански активисти. Денес, од временска дистанца од 20 години од тогаш, заеднички потврдуваме дека во нашиот регион надвладеаја мирот и стабилноста, толеранцијата и разбирањето, напиша вицепремиерот Маричиќ на ФБ. сст/сп/

Остани поврзан