• среда, 25 декември 2024

Маричиќ: Решението за краткото име е доказ дека има волја на двете страни

Маричиќ: Решението за краткото име е доказ дека има волја на двете страни
Скопје, 19 јануари 2022 (МИА) - Ова прашање беше отворено пред повеќе од две години и беше една од трите блокади од бугарска страна. За да не го блокираат користењето на краткото име побараа да се испрати нота која објаснува дека Северна Македонија нема територијални претензии, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека досега имало пристап да се држат сите прашања во пакет, што не даде резултати, иако точките беа добро определени од претходно. -Тактички беше важно да се реши ова прашање, како гест на добра волја од двете страни за да се затвори едно од отворените прашања. Останатите точки од пакетот 5+1 треба да се решат во пакет, но ова прашање беше најмалку спорно и веднаш се реши со што се покажа добра волја од двете страни, потенцираше Маричиќ. Тој додаде дека целта на новиот пристап во разговорите со Бугарија е да се вклучат повеќе теми за да има поширок круг на мерки за градење на доверба преку конкретни чекори кои ќе им значат на граѓаните. -Не бегаме од историските прашања, но со раширувањето на сетот на теми ќе може да ја подобриме атмосферата и да функционираме во атмосфера на меѓусебно уважување, истакна Маричиќ. ац/

Остани поврзан