• петок, 27 декември 2024

Маричиќ - Радман: Само со дијалог и консензус за европската иднина до брзо членство во ЕУ

Маричиќ - Радман: Само со дијалог и консензус за европската иднина до брзо членство во ЕУ

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Актуелните политички случувања и процесот на реформите во земјава, како и интеграцијата на државите од регионот во ЕУ беа во фокусот на разговорите на денешната средба вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ со хрватскиот министер за европски и надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, одржана на маргините на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.

- Примерот на Хрватска за членство во ЕУ вели дека може брзо да се направат реформите и да се напредува и тоа е наш поттик во надминувањето на предизвиците и обезбедувањето членство во ЕУ, порача Маричиќ на средбата.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ му се заблагодари на Грлиќ Радман за поддршката и заложбата на Загреб за нашиот напредок на европскиот пат, укажувајќи дека Хрватска како голем и искрен пријател на земјава во процесот на пристапување во ЕУ, може многу позитивно да придонесе во нашите напори на евроинтегративниот пат.

Радман, од своја страна, порача дека Хрватска и понатаму безусловно ќе ја поддржува земјава во остварувањето на нејзината стратешка цел, посочувајќи дека политиката која Владата ја спроведува е мудра и предводена од конструктивна волја за соработка и дијалог.

На средбата е разговарано и за важноста да се запази рокот за уставните измени и дека 2023 година е клучна за Северна Македонија и креирањето на идните граници на ЕУ.

 

 

Остани поврзан