• четврток, 19 декември 2024

Маричиќ: Покажавме оти сме во синергија со Зелената агенда на ЕУ

Маричиќ: Покажавме оти сме во синергија со Зелената агенда на ЕУ
Скопје, 5 март 2022 (МИА) - Вложуваме во сигурна енергетска иднина на државата преку инвестиции во фотоволтаични системи, во гасификација, ветерни паркови, а тоа ќе значи подобар квалитет на живот, пониски сметки и заштеда на енергијата, како и заштита на животната средина, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил по повод 5 март - Светскиот ден на енергетската ефикасност. - Светскиот ден на енергетската ефикасност, 5 март, во време на забрзани климатски промени на нашата планета, останува една од најважните теми на денешницата. Сметам дека постои одржлива иднина за сите нас кои сме подготвени да го промениме и поправиме она што е лошо за животната средина, наведува Маричиќ. Тој потенцира дека ние покажавме оти сме во синергија со Европската Унија, држејќи ја Зелената агенда високо на приоритетната листа, комплетно применувајќи ги мерките од Законот и од Програмата за енергетска ефикасност. - Оваа година овој ден во светот се одбележува под мотото „Заштеда на пари, Намалување на загадувањето, Креирање на нови работни места“, вредносни критериуми и цели на кои силно е посветена и Владата на Република Северна Македонија, додава Маричиќ во објавата. сп/

Остани поврзан