• недела, 24 ноември 2024

Маричиќ: Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан

Маричиќ: Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот Фејсбук профил ја поздрави ратификацијата на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ од страна на Собранието со што граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. 

-Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан! Преку регионална соработка и оваа иницијатива, а врз основа на европската пракса и принципи, овозможуваме слободен пазар на труд меѓу земјите од Отворен Балкан и повисоки плати. Со денешната ратификација на законите од Иницијативата „Отворен Балкан“ граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци, напиша Маричиќ на неговиот Фејсбук статус.

Според него, ова значи унапредување на регионалниот пазар и заеднички чекор напред кон единствениот внатрешен пазар на ЕУ.

-Мерката е значајна за македонската економија и за македонските компании кои стануваат поконкурентни и ќе можат да отвораат повеќе работни места и повисоки плати за граѓаните, наведува Маричиќ. вг/ац/

Остани поврзан