• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ од Росоман: Ја нормализиравме државата и ја вративме на европскиот пат, денес достоинствено чекориме кон ЕУ

Маричиќ од Росоман: Ја нормализиравме државата и ја вративме на европскиот пат, денес достоинствено чекориме кон ЕУ
Скопје, 5 ноември 2022 Како Македонци храбро и одлучно обезбедиме европска иднина за младите и идните генерации. Така најдобро се брани и сака државата, со дела, со желба и посветеност за развој на државата и визија за нејзината иднина, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ кој се одржа во Росоман. СДСМ секогаш била и ќе биде на вистинската страна. Нашиот избор е стабилност, просперитет, напредок и мир. Започнавме преговори со ЕУ после 17 години во чекалницата. Нема асимилација, нема бугаризација, има чист македонски јазик во ЕУ. СДСМ има визија и знаеме која е нашата цел. Модерна, европска, економски просперитетна и стабилна земја, истакна Маричиќ и додаде дека СДСМ работи силно и одлучно кон иднината и исполнување на оваа цел е наша одлика. Маричиќ пред присутните порача дека во ова тешко време на светска енергетска и економска криза не се сами и ги увери дека Владата предводена од СДСМ носи исправни одлуки и политики и ја менаџира кризата за полесно да се преброди зимата и да се зачува стандардот на граѓаните. „Во време на светска енергетска криза, ги максимилизираме домашните капацитети за производство на електрична енергија. Струја и енергенси ќе има доволно, а државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании“-рече секретарот за меѓународна соработка, Маричиќ. Тој направи споредба со политиките и мерките за земјоделците на ВМРО-ДПМНЕ и кажа дека Владата предводена од СДСМ само за 2 години поддржа 531 млад земјоделец со над 6 милиони евра, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 4 години исплатила 1.2 милиони евра на 168 млади земјоделци. Очигледна е разликата помеѓу нашиот одговорен, чесен и домаќински пристап и деструктивниот, неодговорен и нечесен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Затоа сега не смееме да дозволиме деструктивните сили предводени од Мицкоски, кои сакаат да ја закочат земјата и да не вратат назад во некое мрачно минато да успеат, посочи Маричиќ на граѓанската трибина во Росоман, потврдувајќи дека само СДСМ со одговорниот, чесен пристап во работата, може да реформира и трансформира и да ја води Северна Македонија напред. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан