• недела, 22 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Маричиќ од Гевгелија: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА, интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите!

Маричиќ од Гевгелија: Инвестирани 813 милиони евра преку ИПА, интеграцијата во ЕУ носи повеќе за сите!

21 декември 2023

Самиот процес на интеграција носи повеќе за сите и досега само преку ИПА програмата ЕУ има инвестирано преку 813 милиони евра, а полноправното членството во ЕУ носи уште повеќе за сите, рече секретарот за меѓународна соработка и вицепремиер Бојан Маричиќ на вечерашната трибина Повеќе за сите во Гевгелија. 

-Од овие 813 милиони евра досега инвестирани од страна на ЕУ кај нас преку 42 милиони се реализирани во овој наш јужен регион. Дополнително преку ИПАРД 3 програма ЕУ обезбедува поддршка за модернизација на македонското земјоделство од 97 милиони евра. Нашата политика за остварување на стратешката цел за целосна интеграција во ЕУ значи пристап до уште поголеми средства во сите сектори, економијата, енергетиката, животната средина. Затоа кога велиме повеќе за сите мислиме и на членството во ЕУ, рече Маричиќ.

Блокадите на нашиот европски пат имаат име и презиме а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Иако имавме успешен скрининг не започна отворањето поглавја поради активната блокада на опозицијата. Овие блокади се на директна штета на земјата и значат блокада за милиони евра фондови од Унијата кои можат да ни бидат на располагање и мора да ги поразиме заедно и да ја внесеме земјата во ЕУ, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на трибината Повеќе за сите во Гевгелија.

СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан