• среда, 25 декември 2024

Маричиќ: Образовната и социјалната политика ја усогласуваме со стандардите на ЕУ преку зрели проекти

Маричиќ: Образовната и социјалната политика ја усогласуваме со стандардите на ЕУ преку зрели проекти
Скопје, 16 март 2022 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерот за образование наука Јетон Шаќири, одржаа онлајн координација со секторските работни групи, а во присуство на донаторската заедница. Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важност на овие сектори кои имаат за цел создавање дополнителни и подобри работни места, нови инвестиции во образованието и науката и мобилизација на сите релевантни чинители како предуслов за подобри социјални стандарди во целото општество и создавање на квалификувани работници кои ќе можат да одговорат на потребите на пазарот на трудот. - Целите на образовната и социјалната политика, како и вработувањето на Северна Македонија се добро усогласени со столбот на ЕУ за социјални права и политиката на ЕУ за фундаментални права и родовата Стратегија. Ова ја покажува нашата посветеност да продолжиме да инвестираме за да ги намалиме идентификуваните недостатоци, сето тоа во согласност со стандардите на ЕУ, рече Маричиќ. Вицепремиерот на состанокот информираше дека повторно се вклучуваат Ромите во оваа секторска работна група, верувајќи дека со ова ќе обезбедиме подобра средина за дискусија за политиките за социјална инклузија, а ја потенцираше и важноста од учеството на граѓанските организации на состаноците на секторските работни групи за побрзо обезбедување на теренски информации и поефикасно спроведување на приоритетите. Маричиќ го презентираше новиот пристап за работата на сите секторски работни групи, како најважен механизам за транспарентна и инклузивна координација на секторската политика и планирање на донаторската помош, вклучително и ИПА, нагласувајќи дека Секретаријатот за европски прашања постојано ќе информира за дискусиите и активностите на секторските работни групи - Решивме да ја воведеме оваа промена со цел унапредување на политичкиот дијалог преку инклузивен и транспарентен пристап во секторските политики, а фокусот на состаноците го ставаме на презентација и дискусија за секторските стратешки приоритети и начинот на кој може да се добие донаторска помош за имплементација на националните приоритети, кажа вицепремиерот Маричиќ. Вицепремиерот Маричиќ на состанокот информираше дека активен е процесот на програмирање на ИПА 2023-2024 и ги повика координаторите на ИПА да започнат со организирање на состаноците на техничко ниво со вклучување на донаторите и граѓанските организации. ир/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан