• четврток, 19 декември 2024

Маричиќ: Ни се отвора вратата која што 17 години беше затворена

Маричиќ: Ни се отвора вратата која што 17 години беше затворена

Скопје, 14 јули 2022(МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека е жалоно што се дозволи, пред сè под влијание на опозициската коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Левица, прашањето за почеток на преговорите на земјава со ЕУ да биде практично прашање на некаква вербална битка, но и тензична атмосфера помеѓу нас и Бугарија.

- Како да е битката кој да победи, ние како Северна Македонија или Бугарија. Мислам дека, за жал, се злоупотреби целата оваа ситуација, затоа што точно е дека имаме билатерален спор, бевме доведени во една незгодна ситуација, меѓутоа суштината на овој процес, а тоа го кажа и претседателката на Европската комисија која се обрати денес во нашето Собрание, а тоа е дека ни се отвора вратата којашто 17 години беше затворена, рече Маричиќ во интервјуто.

Вицепремиерот Маричиќ објасни дека првиот Протокол, којшто отиде во бугарскиот Парламент беше далеку од конечна верзија и тој текст ќе биде прилично од оној што ќе излезе на крајот, затоа што во меѓувреме се разговараше и преговараше.

- Тој Протокол е записник од средба којашто сè уште не се случила и треба да се случи овие денови зависно од исходот во нашето Собрание. Во него практично се покриени оние точки 4+1 за коишто се зборува долго, истакна Маричиќ, додавајќи дека во тој документ има еден голем дел каде што се презентираат резултатите од работата на оние работни групи што се формираа изминатите шест месеци. ир/сп/

Остани поврзан