• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: На 20 август тетовци заокружуваат 1, за модерено, просперитетно и европско Тетово

Маричиќ: На 20 август тетовци заокружуваат 1, за модерено, просперитетно и европско Тетово

13 август 2022 

Денес сме тука во Тетово, на Поток каде што разговаравме со граѓаните и со поддржувачите на СДСМ и коалицијата околу нивните потреби и очекувања од нашата советничка листа за иизборите во Тетово на 20-ти август наредната сабота.Во тие разговори имаме високо разбирање помеѓу граѓаните и помеѓу нашите поддржувачи и висока поддршка за нашата советничка листа. Мислам дека тетовчани и тетовчанки разбираат и сваќаат дека СДСМ и коалицијата го нудат најдоброто за Европско Тетово. Нудат листа на кандидати на којшто единствен интерес им е поддршка и успех на сопствениот град и интересот на граѓаните на Тетово.Имавме прилика денес во Тетово со премиерот и со останатите министри да отвориме една нова инвестиција, германска инвестиција од сто и триесет милиони евра којашто ќе овозможи 900 нови работни места за Тетово и неговиот крај.Тоа само укажува дека СДСМ и коалицијата дејствува со конкретни дела и работат со конкретни дела за тетовчани и дека Тетово е на висока листа на приоритети на градовите во Северна Македонија. Владата секогаш го гледала Тетово како еден од најважните градови и вложувала многу во него. Доказ за тоа е и инфраструктурата којашто е вложена во изминатиот период преку централната власт. Реконструкција на повеќе улици, на дел од канализациона мрежа но исто така и оваа денешна инвестиција.Тоа е само доказ дека и владата и СДСМ и коалицијата  се грижат за Тетово и дека им е важно Тетово да биде успешна европска приказна.Затоа сигурни сме дека на 20-ти август граѓаните ќе заокружат број 1 и ќе ја поддржат советничката листа на СДСМ и коалицијата затоа што знаат дека ние гарантираме со нашиот збор и со нашата советничка листа дека ветувањата ќе ги исполниме. Дека Тетово навистина заслужува многу подобро од она што го имаше во изминативе 10 месеци.Дека залужува да има и повеќе улици и повеќе инфраструктура и нормални услови за живот, вода за пиење низ целиот град но секако дека заслужува и нов парк и нов спортски центар и уште многу работи. Единствена гаранција дека тоа ќе се исполни е нашата советничка листа на СДСМ и коалицијата и поддршката којашто ја имаат и од од партијата и од Владата.Затоа никој не треба да има дилема , драги тетовчани и тетовчанки ве повикуваме на 20-ти август да заокружите број 1 и да гласате за СДСМ и коалицијата и за нашата советничка листа којашто ја нудиме на овие избори како прва во редослед и како најуспешна и како гаранција дека во Тетово доаѓаат подобри денови и дека ќе имаме до крајот на овој мандат европско, развиено, модерно Тетово.

Со почит,

Изјава за медиуми на Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан