• недела, 24 ноември 2024

Маричиќ, Костадиновска-Стојчевска и Тренчевска во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“

Маричиќ,  Костадиновска-Стојчевска и Тренчевска во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Првиот заменик на претседателот на техничката Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ќе го посетат Археолошкиот локалитет „Стоби“, каде се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

Проектот, чиј целосен назив е „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“, го реализира НУ Археолошки локалитет „Стоби“ со донација од Европската комисија преку телото за управување и развој на ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, Република Грција. дма/мд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан