• среда, 25 декември 2024

Маричиќ: Италија е голем поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Маричиќ: Италија е голем поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска и утре е во официјална посета на Рим, Италија. 

Како што информира СЕП, Маричиќ ќе оствари повеќе средби со претставници од Италијанската влада.

Маричиќ се сретна со заменик-министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Едмондо Чириели. 

- На средбата со заменик-министерот Чириели беа зацврстени и потврдени ставовите на Италија и поддршката која ја добиваме како држава кандидат за полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Маричиќ искажа благодарност кон Италија, која, како што се наведува, е една од државите со која чувствуваме поврзаност, културна, цивилизациска и пријателска и со која стратешки можеме да ги планираме следните чекори за пристап кон европското семејство. 

- На средбата беше истакната важноста за Планот за раст за Западен Балкан со кој Европската Унија подава рака на земјите кандидати од регионот за забрзан пристап со што државата ќе има суштинско вклучување во дел од единствениот пазар на ЕУ, стои во соопштението.

Учесниците се сложија дека приклучувањето и интергацијата на Северна Македонија и Западен Балкан е од големо значење за ЕУ, за регионот, како и е од полза за сите граѓани од Западен Балкан. Најголемите придобивки се гледаат во мобилноста на младите, како и отворени можности за компаниите и социо-економскиот развој. мд/са/ 
 

 Фото: СЕП 
 

Остани поврзан