• среда, 25 декември 2024

Маричиќ: Забрзаниот пристап на државата во ЕУ е од клучно значење за регионот и за сите граѓани на Северна Македонија

Маричиќ: Забрзаниот пристап на државата во ЕУ е од клучно значење за регионот и за сите граѓани на Северна Македонија

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Забрзаниот пристап на државата во ЕУ е од клучно значење за регионот и за сите граѓани на Северна Македонија, истакнал првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната средба со претставничката од Европскиот Парламент од Кралството Холандија, Тинеке Стрик. 

Вицепремиерот Маричиќ, како што соопшти СЕП, ја истакнал заложбата на Владата за реализација на европската агенда на државата.

-Посебно внимание беше посветено од страна на говорниците за успешната реализација на скрининг процесот, кој беше реализиран во 15 месеци, интензивна и темелна работа на институциите, се наведува во соопштението.

На средбата било дискутирано за различни сегменти од областа на владеење на правото, за претстојните избори и за предизвиците на државата и регионот. 

Двајцата соговорници се согласиле дека забрзаниот пристап на Западен Балкан во ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и регионот.

-Европратеничката Тинеке Стрик ја потврди поддршката за продолжување на евроинтеграцијата на државата во полза на сите граѓани со значителни придобивки за социо-економскиот развој на општеството, се посочува во соопштението. дма/ев/

Фото:СЕП

Остани поврзан