• среда, 25 декември 2024

Маричиќ: Европската интеграција на Северна Македонија е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа

Маричиќ: Европската интеграција на Северна Македонија е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа

Скопје, 13 мај 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија Андраш Клајн, заменик амбасадорката Кристина Тиханји и претставникот Золтан Марки, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. 

На средбата унгарската делегација ги презентирала приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината. 

-Вицепремиерот Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот, се вели во денешното соопштение од СЕП. 

Во него се додава оти тој потенцирал дека европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа.  

Амбасадорот Клајн се заблагодарил за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата. сст/мд/

 


 
 

 

 

Остани поврзан