• сабота, 23 ноември 2024

Маричиќ: Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата

Маричиќ: Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска. 

На средбата вицепремиерот ја истакнал важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.

-Соговорниците се согласија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото  каде што антикорупциската комисија има важна улога, се вели во денешното соопштение од СЕП. 

На средбата Маричиќ се согласил со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме. 

Вицепремиерот Маричиќ го изразил своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата. сст/аа/

фото СЕП 

 



 
 

 

 

Остани поврзан