• недела, 28 јули 2024

Маричиќ - Аксинте: Членството во ЕУ не е само интерес на Северна Македонија, туку и за целиот Западен Балкан

Маричиќ - Аксинте: Членството во ЕУ не е само интерес на Северна Македонија, туку и за целиот Западен Балкан
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте, со која разговараа за динамиката на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и земјите од регионот, како и предизвиците во овој период со кои се соочува земјата на патот кон отпочнувањето преговори.
Притоа, како што соопшти СЕП, амбасадорката Аксинте ја повторила силната романска поддршка за европската интеграција на земјава, посочувајќи дека членството во ЕУ не е само интерес на Северна Македонија, туку и за целиот регион на Западен Балкан.
Вицепремиерот Маричиќ на средбата посочил дека билатералните односи на двете земји се добри, но дека има простор за нивно подобрување. Во таа насока изразил очекување и подготвеност за продлабочување на соработката со Романија во спроведувањето на европските реформи, како преку ИПА инструментите, така и билатерално и преку споделување искуства во процесот на преговори, преку Твининг механизмот за соработка.
Маричиќ и Аксинте накратко се осврнале и на актуелната ситуација во Украина, за што романската амбасадорка во земјава, Аксинте, изразила благодарност за нашата целосна усогласеност со санкциите и мерките на Европската Унија кон Русија.​ сст/лв/

Остани поврзан