• недела, 24 ноември 2024

Маричиќ-Шидер: Поддршка за реформите и почетокот на преговорите со ЕУ

Маричиќ-Шидер: Поддршка за реформите и почетокот на преговорите со ЕУ
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Европските интеграции на земјата, владеењето на правото и реформите во правосудството, како и претстојниот попис биле тема на разговор на денешниот состанок во Брисел на министерот за правда Бојан Маричиќ со европратеникот и членот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет со ЕУ Андреас Шидер. Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, на Шидер му ја пренел разочараноста во земјата, бидејќи и покрај сите побарани и спроведени реформи сè уште не се почнати преговорите за членство во Европската Унија. -Сепак, и покрај ова земјата останува посветена на својата европска агенда. Министерот за правда на средбата кажа дека останувањето на проширувањето како еден од приоритетите на португалското претседателство е охрабрувачка и остава можност за придвижување на процесот, се вели во соопштението. Било разговарано и за потребата за реактивирање на дијалогот Жан Моне кој ќе биде во прилог на зголемување на демократијата и пред се функционалност на Собранието. Дополнително, како што стои во соопштението, на Шидер му биле претставени сите големи реформи кои ги презема Министерството за правда со цел владеење на правото и враќањето на довербата на граѓаните во правната држава. Тема на разговорите бил и претстојниот попис, како статистичка операција која во земјата не е спроведена веќе 20 години, за што Маричиќ кажал дека пописот ќе се спроведе по закон и методологија кои добија највисоки оценки од Евростат. аа/дма/

Остани поврзан