• четврток, 26 декември 2024

Маричиќ: Нема намалување туку ќе се зголеми буџетот за судството и обвинителството

Маричиќ: Нема намалување туку ќе се зголеми буџетот за судството и обвинителството

Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - Министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека следната година ќе има зголемување на буџетот за судството и обвинителството.

На гостувањето во „Утрински брифинг“, Маричиќ рече дека ќе има зголемување на платите за судиите и обвинителите, но и нови вработувања со цел да се пополни недостигот од кадар во овие институции и за нивно поефикасно работење во интерес на граѓаните.  

- Во однос на констатацијата дека има намалување за околу осум отсто во Судски буџет во 2019 во споредба со буџетот за 2020 година, би сакале да појасниме дека не станува збор за намалување на оперативните средства на Судскиот буџет, туку дека оваа разлика се должи на фактот што во Судскиот буџет за 2019 беа обезбедени дополнителни 120 милиони денари за исплата на надоместоци на судии кои имаа тужено и ги повлекоа тужбите по постигнатите спогодби за исплата на дополнителните надоместоци на плата. Со ова, се придонесе за заштеда на финансиски средства кои би се јавиле како трошок по основ на дополнителни судски трошоци. Со оглед на тоа што станува збор за еднократна исплата од Буџетот за 2019 година, средствата за таа намена не се алоцирани во Судскиот буџет за 2020 година, потенцираше Маричиќ. дма/сп/

Остани поврзан